Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение. Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации.
На Детското одделение во Струшката болница вчера почина четиригодишно дете кое, според директорот Владимир Бунчески, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри.
Во изјава за МИА, тој посочи дека детето било однесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била неуспешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
- Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.
Случајот во полиција вчера во 9 часот и 50 минути бил пријавен од медицински лица од Општата болница во Струга.
Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото не е предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки
Ново на Сител
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
-
Приведен 70-годишник од тетовско за предизвикување пожар
-
Работник повреден во фабрика во Кавадарци
-
Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп
-
Приведен малолетник од Гостивар, украл возило „мерцедес“ по што предизвикал сообраќајка
-
Приведен 42-годишник од струмичко поради подметнување пожар