Зголемен бројот на турски баратели за азил во Германија
Бројот на Турци кои побарале азил во Германија годинава се зголемил за 55,4 отсто.
Според податоци на германската Влада, Германија во периодот јануари август примила 4.408 барања за азил од турски граѓани. Во истиот период лани бројот на турски баратели на азил во земјата изнесувал 2.836.
- Има зголемен број барања за азил од турски граѓани. Не можам да ги објаснам причините за тоа, бидејќи не правам статистичко истражување зошто луѓето бегаат, изјави портпарол на германското Министерство за надворешни работи.
Во април годинава германското Министерство соопшти дека по обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016, најмалку 262 турски дипломати и војници побарале азил во Германија,
По неуспешниот пуч, Турција уапси повеќе од 40.000 лица и отпушти од работа повеќе од 100.000 државни службеници.
Помалку од четвртина од турските баратели за азил добиле прибежиште во Германија од почетокот на годинава.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз