Зголемен број на повици и интервенции на Итна помош Куманово
– Зголемен број на интервенции бележи кумановската Итна помош, информираа денеска, лекарите од оваа здравствена установа. Топлото време тешко го поднесуваат хронично-болните лица и повозрасните граѓани. Дневно во Итната помош се јавуваат над 130 кумановци. Екипите на здравствената установа пружаат помош и на пациенти при колапси на јавни места и површини, а зголемен е и бројот на интервенции на случени сообраќајни несреќи.
-Дел од пациентите не ги почитуваат препорачаните мерки, не земаат редовно терапија. Им укажуваме дека не смеат да излегуваат од 11 до 17 часот. Зголемен е бројот на интервенции и повици од хронично болните, дијабетичарите, во последен период и интервенираме и на повредени во сообраќајни незгоди, изјави доктор Исмет Ферати, од Итна помош Куманово.
Здравствените работници пропорачуваат хронично болните, повозрасните да ги следат насоките на матичните лекари, пред сè редовно да ја земаат пропишаната терапија.
На временските промени не е имуна ниту работоспособната популација, велат лекарите од кумановската Итна помош. Како превенција препорачуваат доволен внес на течности, свежо цедени сокови и пред сè вода, да консумираат лесна храна, која се базира на овошје и зеленчук, да носат лесна и светла облека, да одбираат места за пешачење со повеќе сенка. Здравата, работоспособната популација, најчесто помош бара поради малаксаност, гадење, пад на крвниот притисок.
Службата апелира и до возачите периодов, кога имаат почести повици, да ја почитуваат обврската за првенство на минување на возилото на итната помош, бидејќи некогаш минути одлучуваат за нечиј живот.
Ново на Сител
-
Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
-
Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие
-
Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
-
Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
-
Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
-
Дел од Аеродром без струја
-
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно
-
Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници