Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран во текот на ноќта во морскиот дел на 23 километри северно од грчкиот остров Родос и во близина на турското крајбрежје, а засега не се пријавени поголеми штети, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми земјотресот бил особено почувствуван на Родос, а жителите излегле на улиците.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ рече „станува збор за земјотрес чија главна карактеристика е длабочината, која е 60 километри“ и затоа веројатно е главниот земјотрес и затоа бил почувствуван во поширокиот регион и во Турција, но „без значителни влијанија врз површината, нема да има цунами и, пред сè, нема да има силни последователни потреси“.
Префектот на јужниот дел од Егејското море Јоргос Хаѕимаркос, исто така за ЕРТ, нагласил дека земјотресот бил силен и дека многу туристи кои се на островот се исплашиле и ги напуштиле хотелите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП