Земјоделските аптеки нема да бидат затворени
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска соопшти дека пролетната сеидба на пченка и сончоглед е во тек. Земјоделските аптеки, напомена, нема да бидат затворени за да можат земјоделците редовно да се снабдуваат со заштитни средства.
-Сеидбата треба да продолжи непречено, но и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата за заштита од коронавирусот, истакна Димковски на прес-конференција.
Според него, земјоделците ќе можат тековно да набавуваат сé што им е потребно за непречено извршување на редовните активности.
-Набавката на сточна храна со регулирањето на протоколите за транспорт ќе се одвива непречено. Истото важи и за набавка на репроматеријали односно заштитни средства, ѓубрива, семе, саден материјал и друго, посочи министерот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица