Земан побара формирање сили на ОН за борба против тероризмот
Чешкиот претседател Милош Земан во обраќањето на Генералното собрание на ОН го повика светот да се држи заедно против исламскиот тероризам, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан тероризмот го спореди со канцер, кој во последниве години се проширил од шест на 35 земји во светот и повика на активирање на член 47 од Повелбата на ОН, кој предвидува формирање на воени сили на Обединетите нации.
- Ние мораме да се прашаме: Колку долго треба да чекаме? Колку долго сакаме да испраќаме само сочувства? Признавам дека дојде до некои дејствија за ограничување на тероризмот, но тоа навистина е малку и тероризмот се уште се шири, додаде Земан.
Чешкиот претседател предупреди на опасноста од создавање на нова исламска држава во Авганистан и оцени дека „талибанците се речиси исто толку сурови како и Исламската држава, Боко Харам или Ал-Каеда“.
- Постои потреба од координирана акција на сите постојани членки на ОН. Имаме потреба од платформа која би се посветила на меѓународниот тероризам, рече Земан потсетувајќи дека Индија тоа го побара уште во 2000 година.
Чешкиот претседател оцени дека не се потребни големи антитерористички операции туку „напад на нервните центри, а не на телото“.
Тој изрази сомневање во ефективноста на ОН и побара активирање на член 47 од Повелбата на ОН со повикот: „да го разбудиме членот на Обединетите нации“.
На крајот од говорот во ОН, чешкиот претседател го цитираше римскиот државник Катон Постариот со латинската фраза: „Картагина мора да биде уништена“.
Инаку, на заседанието на Генералното собрание на ОН учествува и македонска делегација, предводена од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар