9 години се бара правда за убиството на Димитар
И по 9 години од смртта на охриѓанецот Димитар Матилоски кој беше до смрт претепан за време на новогодишната ноќ во 2016 година, убиецот Бојан Угреновиќ сè уште е на слобода.Мајката Драгица исполнета со болка и тага која не запира раскажува дека српскиот турист откако добил можност да се брани од слобода му се губи секаква трага. Таа бара правдата да биде задоволена и убиецот да си ја одлежи казната и обвинува за низа пропусти во судскиот процес.
Димитар беше претепан до смрт по банална вербална расправија на стотина метри од неговиот дом во стариот дел на Охрид.
Извршувањето на казната за Угреновиќ од 16 години затвор застарува за 30.10.2059. По пронаоѓањето осудениот кој се бара со меѓународна потерница треба да биде спроведен во затворот во Прилеп.
Драгица учителка во пензија утеха наоѓа во пишувањето и на тој начин се обидува да го зачува споменот на убиениот син. Нејзината петта по ред книга „Мојот живот после изгубен живот“ е посветена на другарите и Јован Пепелко кој со маица со ликот на Димитар го истрча Белградскиот маратон.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар