Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.
„Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои и помагаат на Русија со испораки.
Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци.
Тој, исто така, им се заблагодари на „сите кои помагаат во зајакнувањето на санкциите против Русија“, како и на истражителите кои го откриваат и гонат избегнувањето на руските санкции.
„Во градот Костјантиника во регионот Доњецк, во саботата во руски ракетни напади врз станбени згради загинаа три, а беа ранети 14 лица“, рече Зеленски.
Зборувајќи за изгледите за воена помош од Западот, тој нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур