Зеленски со критика за изјавата на Лавров дека и Хитлер имал еврејско потекло
Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја критикуваше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, според кој „Адолф Хитлер имал еврејска крв“ и „најжестоките антисемити обично се Евреите“.
– Поради овие изјави сега имаме голем скандал во Израел. Но, од Москва не слушаме зборови за извинување. Само молк. Како може да се каже такво нешто во пресрет на годишнината од победата над нацизмот? Немам зборови…, рече украинскиот претседател.
Зеленски и самиот е Евреин, но Русија постојано повторува дека сака „денацификација“ на Украина, почнувајќи од нејзиното раководство.
Запрашан за ова претходно, рускиот министер за надворешни работи рече: Па, кога ќе речат: „Како може да постои нацификација ако сме Евреи?“ Според мене, Хитлер исто така имал еврејско потекло, така што тоа не значи апсолутно ништо. Веќе некое време слушаме од еврејскиот народ дека најголемите антисемити биле Евреи“.
Западните лидери ја осудија изјавата како невистинита и апсурдна.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела
-
Ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје пред крајот на изборната кампања