Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Рим се сретна со потпретседателот и државниот секретар на САД Џеј Ди Венс и Марко Рубио.
– Разговаравме за преговорите во Истанбул, каде што Русите испратија делегација на ниско ниво од луѓе кои не одлучуваат. Повторно потврдив дека Украина е подготвена да се вклучи во вистинска дипломатија и ја нагласив важноста од целосен и безусловен прекин на огнот што е можно поскоро, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој информира дека разговарале и за потребата од санкции против Русија, билатералната трговија, одбранбената соработка, ситуацијата на бојното поле и претстојната размена на затвореници.
– Потребен е притисок врз Русија додека не се подготвени да ја запрат војната. И, се разбира, разговаравме за нашите заеднички чекори за постигнување праведен и траен мир. Благодарам на сите Американци за поддршката и лидерството во спасувањето животи, подвлече украинскиот претседател.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Национализмот не ги полни куќите
-
Филипче: Се враќаат режимски практики
-
Шукова: Модерен конгресен центар за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Сообраќајна инфраструктура за безбедни улици
-
Мециновиќ: Модерен транспортен систем
-
Во тек е пријавувањето на болни и немоќни во ОИК, за гласање во домашни услови
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод