Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео обраќање изјави дека е потребно поголемо европско влијание во тековните преговори меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина.
-Сите одлуки што треба да се донесат за да се заврши оваа војна и да се обезбеди безбедноста, всушност влијаат на цела Европа, рече украинскиот претседател.
Зеленски додаде дека тековниот конфликт е војна на Русија не само против Украина, туку и „во Европа и против Европа“.
Тој рече дека затоа се планирани состаноци на европско ниво за координирање на ставовите. „Гласот на Европа мора да влијае на процесите“, рече украинскиот лидер.
По телефонските разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Зеленски планира да има и телефонски разговор со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Кремљ вчера објави дека американскиот претседател Доналд Трамп може да разговара со рускиот претседател Владимир Путин следната недела за прекин на војната во Украина.
Зеленски ќе се приклучи на разговорите во подоцнежна фаза.
МИА
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово