Зеленски: Русија сноси одговорност за теророт во нуклеарката „Запорожје“
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија мора „да сноси одговорност“ за „актите на терор“ во украинската нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од руската војска и беше цел на напад за кој Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат.
-Денес окупаторите создадоа уште една многу ризична ситуација за цела Европа: двапати ја погодија нуклеарната централа Запорожје, најголемата на нашиот континент, рече Зеленски во дневното видео обраќање.
„Секое бомбардирање на оваа локација е бесрамно злосторство, акт на терор. Русија мора да сноси одговорност за создавање закана за нуклеарната централа“, рече тој.
Во нападот на нуклеарната централа оштетени се високонапонски водови, поради што еден од реакторите е исклучен.
МААЕ во вторникот предупреди дека ситуацијата во нуклеарната централа е нестабилна и „секој ден се поопасна“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини