Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да го прекрши својот устав поради територијални прашања. Тој додаде дека „Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите“.
Коментирајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска на 15 август, Зеленски рече дека Украина е подготвена за вистински решенија што би можеле да донесат мир. Но, додаде дека секое решение без Киев би било решение против мирот.
Украинските власти објавија дека спроведуваат нови евакуации на цивили од своите источни територии, каде што руските трупи продолжуваат да освојуваат територии со месеци.
Украина ја спроведе истата мерка на крајот на јули.
„Почнуваме со задолжителна евакуација на семејства со деца“, објави на Телеграм Вадим Филашкин, гувернер на регионот Донецк, каде што се водат поголемиот дел од борбите.
Тој наведе околу дваесет места што ќе бидат евакуирани. Тие села, каде што живеат стотици луѓе, се наоѓаат на приближно 30 километри од фронт-линијата.
Филашкин напиша „Повторувам уште еднаш: престојот во регионот Донецк е исклучително опасен. Евакуирајте се додека се уште можете“.
МИА
Ново на Сител
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?