Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се во преговори за голем договор што би вклучувал размена на воена технологија – САД би купиле украински дронови што се тестирани на бојното поле, додека Украина би се обврзала да купи поголеми количини американско оружје, рече Зеленски во ексклузивно интервју за Њујорк пост.
Како што објасни, договорот би овозможил меѓусебно зајакнување на воздухопловната технологија на двете земји, а Киев би го споделил со Вашингтон целото знаење за модерното војување стекнато за време на повеќе од три години од целосната инвазија на Русија во Украина.
Зеленски нагласи за Њујорк пост дека таков договор би бил пресвртница за американската војска и националната безбедност, со оглед на предупредувањата на експертите дека американската технологија на дронови заостанува зад онаа на Русија и Кина и дека американските војници не се доволно обучени да ги користат или да се бранат од софистицирани непријателски уреди.
-На американскиот народ му е потребна оваа технологија, мора да ја имате во вашиот арсенал, рече Зеленски, осврнувајќи се на најновите украински дронови кои успеаја да ја пробијат руската воздушна одбрана и да погодат цели до 1.300 километри на руска територија.
„Мислам дека ова е навистина „мега договор“, победа за двете страни“, додаде украинскиот претседател.
Војната во Украина е обележана со речиси секојдневни воздушни напади, во кои Москва и Киев користат стотици експлозивни дронови. Ова се клучни оружја од новата генерација, а бројни аналитичари истакнуваат дека многу земји внимателно го следат украинското бојно поле за да разберат како изгледа модерното војување со висок интензитет.
Експертите и службениците во САД предупредуваат дека Вашингтон сериозно заостанува во разбирањето и примената на беспилотните летала во современото војување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот