Зеленски предлага прекин на огнот додека не се сретне со Путин
Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
– Мојот предлог, кој верувам дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им предложиме на Русите прекин на огнот до лидерска средба, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.
Тој додаде дека условите за мир што ги поставува Москва се ултиматуми.
Изјавата на Зеленски се однесува на условите содржани во меморандумот што Русија ѝ го предаде на Украина на почетокот на неделата, а кој предвидува повлекување на украинската војска од четири региони за кои Москва тврди дека ги анектирала.
– Тоа е ултиматум што руската страна ни го наметнува. Затоа, според мене, тие не го објавија документот пред преговорите, бидејќи знаат дека доколку беше објавен, Украина ќе имаше полно право да не дојде на состанокот во Истанбул, рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека нема смисла да се продолжат преговорите во Истанбул со постојните делегации, бидејќи по два круга тие не дале резултати.
– Мислам дека Русија е подготвена да продолжи со размена на заробеници, но сегашната руска делегација, предводена од советник од втор ред од кабинетот на претседателот, не е на ниво за да дискутира за прекин на огнот, рече Зеленски. Според него, продолжување на дипломатските средби на тоа ниво „нема смисла“.
Ново на Сител
-
Турската полиција уапсила над 270 криумчари и над 1.000 илегални мигранти во последниве две недели
-
Радев за Си-Ен-Ен: Референдум за еврото е клучен за довербата во институциите
-
Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР
-
Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило
-
Возел со 2,61 промили алкохол во крвта - приведен возач од струшко
-
Ученик во основно училиште спроведен во полиција во Белград откако донел список за отстрел и нож
-
Албанските иселеници, во својата земја, во првиот квартал годинава, испратиле 251 милион евра
-
Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија