Зеленски: Подготвени сме за преговори, но Москва мора сериозно да покаже дека сака да ја заврши војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е „подготвена“ за преговори со Москва со цел да се најде решение за конфликтот.
„Но, за тоа да се случи, Русија треба да покаже дека сериозно сака да ја заврши војната, почнувајќи со целосен безусловно примирје“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп.
Висок функционер во кабинетот на украинскиот претседател рече дека разговорот поминал „многу добро“.
Според него, разговорот меѓу двајцата лидери на англиски јазик траел околу дваесет минути, а главните теми биле „дипломатијата и прашањето за примирјето“ што Вашингтон и Киев се обидуваат да го воспостават на линиите на фронтот со руската армија.
Двајцата лидери разговарале и за договорот за ретки минерали што вчера беше ратификуван од украинскиот парламент, соопшти истиот извор.
„Украинскиот парламент го ратификуваше историскиот договор за економско партнерство меѓу Украина и САД“, објави претходно на X украинската министерка за економија Јулија Свириденко.
Документот се однесува на екстракцијата на минерали, нафта и гас во Украина. Не вклучува безбедносни гаранции за Киев, иако Украина инсистираше на тоа.
Договорот беше потпишан кон крајот на април по неколку недели тензии меѓу Киев и Вашингтон, кои кулминираа со вербална конфронтација меѓу претседателот Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба кон крајот на февруари.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии