Зеленски: Одземени државјанствата на неколку поранешни политичари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како најнов потег за „прочистување“ на земјата од проруски влијанија.
-Денеска ги потпишав соодветните документи за да направам уште еден чекор во заштитата и чистењето на нашата земја од оние кои се на страната на агресорите, рече Зеленски за време на ноќното видео обраќање.
Зеленски не сакаше да ги именува, но рече дека имаат двојно руско државјанство.
Според украинските државни медиуми, на списокот има неколку водечки политичари од кабинетот на Виктор Јанукович, кој беше проруски претседател на Украина од 2010 година до неговото отстранување од функцијата во 2014 година.
На списокот се најдоа и Дмтро Табачник, поранешен министер за образование и наука, Андреј Кјуев, поранешен вицепремиер и шеф на администрацијата на Јанукович и Виталиј Захарченко, поранешен министер за внатрешни работи, објавија украинските медиуми.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари минатата година, украинското раководство им го одзеде украинското државјанство на голем број лица и санкционираше стотици руски и белоруски поединци и компании.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот