Свет
7. January 2025 - 17:54

ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите

Европската унија денеска го осуди лансирањето на ракета со среден дострел од страна на Северна Кореја, за која Пјонгјанг тврди дека е опремена со хиперсонична боева глава.

- "Со ова се прекршуваат неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН и дополнително се зголемуваат тензиите на Корејскиот полуостров“, се вели во изјавата на портпаролот на ЕУ, објавена на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.

ЕУ ја повика Северна Кореја да ги прекине, како што рече, „незаконските и ескалирачки акции и да прифати понуди за дијалог“ од главните страни, велејќи дека тоа е единствениот начин за одржлив мир и безбедност на Корејскиот полуостров.

Северна Кореја претходно соопшти дека тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел, дизајнирана да погоди далечни цели во Пацификот.