Зеленски најавува самит на „коалицијата на подготвените“ во Париз
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следната недела во Париз ќе се одржи самит на „коалицијата на подготвените“, група земји подготвени да ги финансираат и учествуваат мировните напори во Украина во случај на договор за прекин на огнот.
Зеленски на денешната прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел рече дека на самитот ќе се разговара за идните безбедносни гаранции за Украина.
- Следната недела имам билатерална средба со претседателот Макрон. Имаме многу теми за разговор. Се надевам на позитивен исход од тој состанок, рече Зеленски.
По оваа средба ќе следи самит на кој земјите од „коалицијата на подготвените“ ќе разговараат за „изгледот на контингентната инфраструктура“ и „кој е подготвен“ да биде дел од мировните напори во Украина.
- Би сакал да извлечеме конкретни заклучоци. Разговарав за ова со претседателот Макрон, додаде украинскиот претседател.
Терминот „коалиција на подготвените“ се однесува на група земји кои се подготвени доброволно да учествуваат во меѓународните мировни и безбедносни мисии. Оваа идеја првпат ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон како дел од дискусиите за меѓународните безбедносни гаранции за Украина по евентуалниот прекин на огнот со Русија.
Целта на „коалицијата на подготвените“ е да формира мултинационални мировни сили кои би помогнале да се следи прекинот на огнот, да се спречи понатамошен конфликт и да се гарантира безбедноста на Украина по постигнувањето на примирјето во Украина. Во оваа иницијатива се опфатени повеќе европски земји на чело со Франција и Велика Британија, а деталите дополнително ќе бидат елаборирани на претстојниот самит во Париз.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии