Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната
Војната во Украина следната недела е високо на дипломатската агенда, а се очекуваат неколку разговори на високо ниво, јави Би-Би-Си.
На дневниот ред има неколку точки – вклучително и разговори во Саудиска Арабија со цел воспоставување прекин на огнот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека в понеделник ќе отпатува за Саудиска Арабија на разговори со принцот Мохамед бин Салман
Нивната средба доаѓа еден ден пред украинските власти да одржат нови разговори со нивните американски колеги во вторник во Џеда, каде што треба да се разговара за првичен прекин на огнот со Русија. Зеленски нема да присуствува на овие дискусии.
Во Европа, лидерите на ЕУ се обидуваат да смислат план – и за тоа како да се поддржи Украина бидејќи поддршката од САД паѓа и како да се зајакне сопствената многу исцрпена одбрана на Европа.
Франција ќе биде домаќин на разговори во вторник со воените началници на генералштабовите чии нации се подготвени да и понудат воена поддршка на Украина по каков било мировен договор што ќе стави крај на војната со Русија.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД
-
Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење
-
Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило
-
Почина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци
-
Приведен 45-годишен охриѓанец за издржување затворска казна
-
ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа
-
Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина