Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.
„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.
Украинскиот претседател додаде дека со Трамп се согласиле во иднина почесто да разговараат со цел да ги координираат чекорите.
Трамп вчера соопшти дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.
„Ќе произведуваме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди изјавата на Трамп и ја опиша како „сосема логична“.
Ново на Сител
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
-

Бројот на загинати при уривањето товарен авион во Кентаки се зголеми на 12 лица
-

Без вода ул. „Разловечко востание“ и „Невеска“ во Карпош
