Loading Video...
Свет
5. November 2025 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Најмалку десет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла доцна синоќа. Пожарот избувнал околу 21 часот и бил изгаснат за 60-тина минути. Објави Федерална ТВ. Причината за пожарот не е позната. Се наведува дека најмалку пет лица се повредени, од кои три се на интензивна нега. Дел од пациентите се лекуваат од труење со јаглерод моноксид, објави порталот tuzlanski.ba. Меѓу повредените има и од спасувачките екипи. 

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа околу 21 часот е повторно беше за сообраќај, откако беше затворен нешто повеќе од еден час поради безбедносни причини, информира белгискиот авиопревозник „Брисел Ерлајнс“. 

Нешто пред 20 часот сите полетувања и слетувања беа откажани, откако воздушниот простор над аеродромот беше затворен за сообраќај поради тоа што во неговото подрачје биле забележани три дрона. Инцидентот го потврди и аеродромската управа, која на својата веб страница објави дека сите летови се откажани поради „пријави за дронови околу аеродромот“.  Сите авиони кои требаа да слетаат на „Зевентем“ во периодод додека тој беше затворен, беа пренасочени кон други аеродроми во Белгија, Холандија и Франција. 

Според полициски извори, утрово околу 6:30 часот граѓани пријавиле дека забележале шест дрона над воздухопловната база „Клајне-Брогел“. Во базата се сместени припадници на силите на НАТО и се претпоставува дека во неа е складирано американско нуклеарно оружје, и е во состојба на зголемена борбена готовност откако над неа беа забележани дронови три ноќи по ред, од петокот, до неделата.  

Бројот на жртвите од тајфунот Калмега, што ги погоди централните Филипини, денеска се зголеми до 39, изјави локален владин претставник. Тајфунот предизвика големи поплави кои во повеќе населби ги заробија жителите на покривите од куќите и потопија многу автомобили, а, исто така, расели и десетици илјади лица. Тајфунот беше проследен со ветрови до 195 километри на час. Поради бурата и немирното море, беа суспендирани линиите на меѓуостровските фериботи, оставајќи повеќе од 3.500 патници блокирани во речиси 100 пристаништа.