-->
-->
Зеленски го потпиша предлог-законот за намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години
-->
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша предлог-законот со кој се намалува старосната граница за воена мобилизација од 27 на 25 години, пренесоа светските агенции.
Предлог-законот, кој беше изгласан пред една година од пратениците и кој досега чекаше да биде потпишан од претседателот, стапува на сила од утре, соопшти украинскиот Парламент (Врховната рада) на својата веб-страница.
Украинската Влада треба во рок од шест месеци да ги усогласи различните правни текстови во земјата со новите барања на возраста за мобилизација.
Мобилизацијата во армијата е предмет на дебата во Украина со месеци, забележуваат светските агенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии