Зеле: САД со санкциите ја тераат Европа да купува нивен гас
Шефот на австрискиот нафтен концерн ОМВ, Рајнер Зеле, ги обвини САД дека со својата политика на санкциии сакаат да ја натераат Европа да купува повеќе американски течен гас.
По повод обидот на САД да го спречи гасоводот „Северен тек 2“ Зеле кажа дека Вашингтон ја промени својата надворешна политика.
Тој истакнува дека прашањето е колку Европа ќе дозволи некој политички да и го одредува енергетското снабдување на континентот.
-Ние Европјаните јасно мораме, како политички, така и економски, да бидеме противтежата. Северен тек е проект што го поддржуваат членките на ЕУ, пред сите, Германија, но и Австрија, кои имаат интерес кај гасоводите да има алетернатива. Тоа го прифатија и многу таканаречени трети држави. Во Европа не сакаме да дозволиме на нас да влијаат било какви закани со санкции, порача Зеле во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил