Здружението на медицински лица „За нас“ упати апел до граѓаните да се придржуваат до мерките
Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ упати апел.
Почитувани членови, за жал сведоци сме на ситуацијата со корона вирусот која во нашата земја е повторно алармантна! Апелирајте до вашите најблиски да се придржуваат до посочените мерки и сите заеднички да стигнеме до целта која ја посaкуваме.
Драги пријатели, во природата на нас медицинските сестри ни е секогаш да сме позитивни и насмеани. Особено колегијално, меѓу нас. Работната средина понекогаш не доведува до конфлитни ситуации, но секогаш брзо надминуваме и сме насмеани и весели. Таа смеа понекогаш можеби е и многу гласна. Но, токму таа смеа значи ЖИВОТ!
Драги пријатели, Ве замолуваме не ни ја крадете насмевката, придржувајте се до мерките.
Пред нас се уште многу прослави и веселби на кои сакаме да присуствуваме и да сме сите на број.
Ве молиме не ни ја земајте насмевката. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ!
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини