Завршува Есенската сесија на ПС на ОБСЕ
Со сесијата „Подобрување на управувањето со меѓународната миграција врз основа на човековите права“ денеска завршува Есенската сесија на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.
На сесијата ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседавачот на Комитетот за миграции на ПС на ОБСЕ Филипо Ломбарди по што следува дебата.
Есенската сесија на ПС на ОБСЕ почна завчера со Медитаранскиот форум, а продолжи со парламентарната конференција на тема „Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“. Во рамки на конференцијата, покрај поселедната сесија на која ќе се обратат Спасовски и Ломбарди, се одржаа уште две на тема „Доброто бладеење како основа за поттикнување на економскиот развој во регионот на ОБСЕ“ и „Развој на демократските институции и човековите права во ЈИЕ: улогата на ОБСЕ“. Вчера попладне се одржа и седница на Постојаниот комитет по кој прием организираше претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем