Завршна конференција на проектот за Граѓанско учество во руралните средини

Проектните активности, заклучоци и препораки од експерите кои прозилегоа од едногодишниот проект „Граѓанско учество во руралните средини“ кој се имплементираше на подрачјето на североисточниот регион, денеска беа презентирани на завршна конференција пред кумановската јавност, претставници од општините, јавниот сектор, бизнис заедницата и младите кои учествуваа во проектот.
Проектот го имплементираше Норгес Вел од Крива Паланка во соработка со партнерски организации од Куманово, а се реализира во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Александра Тасиќ, претседател на Центарот за рурален развој „Бујрум“ од Куманово, информираше дека главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младите и жените од 15 до 24 години од руралните заедници во креирање локални младински политики и јакнење на граѓанскиот активизам.
- Младите покажаа иницијатива и беа активни во изнесувањето на нивните проблеми во општините од каде морам да потенцирам, добивме одговори за одредени проблеми кои ги произнесоа младите, рече Тасиќ.
Таа како успешни примери на соработка ги наведе ЈП „Куманово-Паркинг“, секторот за животна средина од општина Куманово и општина Старо Нагоричане кое веднаш доставиле одговори на младите за одредени прашања.
Сепак, нагласи граѓанскиот активизам е процес на кој треба дополнително да се работи за да се зајакне.
Даниела Анастасовска, координатор на проектот од Норгес Вел изјави дека во проектот учествувале 120 млади од пет општини, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка.
- Релевантните институции се вклучија и ни понудија поддршка за постигнување и поттикнување на граѓанскиот активизам, изјави Анастасовска. Таа објасни дека во дебатните емисии кои се реализирале во рамки на проектот забележана била разлика меѓу од младите од штипскиот регион покажуваат поголема иницијатива и вклученост во однос на младите од североисточниот регион.
Проектот, нагласи донесе исклучителни резултати, младите се заинтересирани за понатамошна соработка и изрази надеж дека проектот ќе продолжи да се реализира и во иднина.
Ново на Сител
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
-

Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми
-

Пет лица нападнале малолетник во Центар, под заканила со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон и го истепале
-

Дедо истепал 21-годишна девојка во Ѓорче Петров
-

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
-

Неколку лица од Сарај испукале куршуми кон 28-годишник, но не го повредиле
-

Три лица напднале маж од скопско, му одзеле пари, па едниот од нив го удрил со пиштол по глава
-

МЕРМС: Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции, вредна 11,11 милиони евра
