Заврши реконструкцијата на регионалниот пат меѓу Чешиново-Облешево и Пробиштип
– Со поставувањето нов асфалтен слој во должина од 12 километри и со санирањето на пропустите за атмосферската вода и за каналската мрежа, заврши реконструкцијата на регионалниот пат Р2342 што ги поврзува општините Чешиново-Облешево и Пробиштип.
Инвеститор во градежните работи беше Јавното претпријатие за државни патишта кое за обновувањето на коловозот вложи околу 33 милиони денари.
-Рехабилитацијата на делницата меѓу селата Тркање и Пишица траеше околу два месеци и сега добивме квалитетно сообраќајно поврзување за околу четири илјади жители од шест села кои гравитираат кон овој регион. Истовремено се обезбедува скратена патна врска меѓу двете општини за околу петнаесетина километри, бидејќи се избегнува кружењето по магистралниот пат А3 меѓу Штип и Кочани, истакна градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Со тековната инвестиција се тампонираат банкините околу коловозот, а предвидено е да се обнови и сообраќајната сигнализација.
Заедно со реконструкцијата на регионалниот пат, локалната самоуправа на Чешиново-Облешево работи и на изградба и асфалтирање на улици во селото Спанчево, за што со проект преку Министерството за финансии и Светска банка се обезбедени над 160 илјади евра
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

