Заврши манифестацијата „Снежен град“
Стотина деца од основни училишта од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Виница, Скопје и Тетово учествуваа на 45-тото издание на манифестацијата „Снежен град“ што изминатава недела се одржуваше на Попова Шапка, информираше директорката на Детскиот културен центар Карпош од Скопје Ружа Ѓорѓеска како организатори на настанот.
Мотото на овогодинешното издание на Снежен град е „Снежна идила“, но временските услови не беа наклонети на малите градители бидејќи неколку денови врнеше дожд. Сепак снегот што падна вчера им овозможи да ја изградат тврдината и големата желка. Освен активностите на снег и останатото време било пополнето со книжевни и ликовни натпревари и други активности.
- Покрај оној рекреативен дел ние го имаме и вечерниот каде децата уживаат во најразличните едукативни игри како што се квизотека, пинг-понг натпревар, шах, пикадо, пливање во базен..., истакна таа.
Децата кои беа дел од манифестацијата „Снежен град“ се задоволни од престојот на Попова Шапка.
- Немавме доволно снег, па затоа првиот ден се лизгавме, се дружевме за да се запознаеме. Подоцна веќе од вториот ден почнавме со градење, но, бидејќи врнеше премногу дожд неколку денови не работевме. Вчера заврна снег и успеавме нешто да направиме, рече Тамара Мирческа од Прилеп.
Манифестација „Снежен град“ се одржува на Попова Шапка втора Година по ред, додека претходните изданија беа во детското одмаралиште Бунец на Маврово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот