-->
-->
Затворска казна за оние кои ќе работат со бормашина кога е време за одмор
-->

Во Романија луѓето кои го нарушуваат мирот на соседите меѓу 22.00 и 8 часот наутро и меѓу 13.00 и 14.00 ризикуваат да бидат осудени на затворска казна до две години, јавуваат романските медиуми.
Тоа се предвидува во новиот закон претставен од Министерството за внатрешни работи.
Затвор во траење од три месеци до две години се предвидува со нацрт-законот за лица кои слушаат гласно музика, пробиваат со бормашина или предизвикуваат друг интензивен звук, откако претходно ќе бидат предупредени од полицијата. Ограничување на бучавата важи и за органзирање свадби и други настани во приватен дом или канцеларии на фирми кои се близу станбени простории на приватни лица.
Досега законот предвидуваше само парични казни за таков вид непочитување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
