Балкан
20. January 2016 - 9:40

Затворена неутралната зона Идомени на границата меѓу Грција и Македонија

Затворена за премин е неутралната зона меѓу Грција и Македонија во реонот на граничниот премин Идомени, јави радио Атина, пренесува БТА.

Преку оваа неутрална зона преминуваат бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија кон Македонија и натаму кон Западна Европа.

Според полицијата, на бензинската станица во областа каде што се собираат автобусите со бегалци, веќе има седум автобуси со 350 луѓе.