-->
-->
Затворен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“
-->
На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа градоначалникот Славчо Чадиев го прогласи за затворен 12. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2015“.
Пред бројната велешка публика синоќа настапија фолклористите од: ФА „Хатегна“ од Романија, ФА „Бига“ од Турција,ХКД „Градишче“ од Унгарија, „Тина Данцестудио“ од Естонија,ФА „Валуриле Дунарии“ од Романија,ФА „Лени“ од Полска,„Неврокопски ансамбл за народни песни и ора“ од Бугарија, ГАНИП „Пожаревац“ од Србија и КУД „Коле Неделковски“ од Велес.
Во своето обраќање до присутните Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор потсети дека Велес е израз на најголемото богатство на народите, нивните традиции обичаи и нивниот дух.
- Неописиво е чувството на радост,исполнетост,чувството на живот и непресушна енергија со која деновиве не исполнија 11 ансамбли од странство и домашните фолклористи. Ако и етнологијата на фолклорот наједноставно се сведува на знаење за народот,историјата на овој фестивал е израз на постојана надградба на тоа скапоцено знаење.Зошто токму тука под велешкото небо се преплетуваат традицијата на Македонија со оние на народите од Европа и светот, потенцира Јаневски.
На петдневниот фестивалот, во организација на Општина Велес под покровителство на Министерството за култура, а во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата-2015“ настапија илјада фолклористи од кои 500 странски и 500 домашни од 11 странски ансамбли и културно уметнички друштва. Домашниот фолклор го промовираа и осум културно уметнички друштва од Македонија, меѓу кои три беа од градот домаќин Велес:КУД Керамичар“ КУД „Коле Неделковски“ и ФА „Вила Зора“ како и ансамблот на народни песни „Распеани велешани“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
-
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан