Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
Ако Алцхајмеровата болест важеше како болест кај повозрасното население, границите се поместуваат и таа почнува да го засега и помладото население. Во Македонија, ако во 2020 година околу 3,4% од луѓето имале деменција, само три години подоцна, во 2023-та бројот е речиси тројно зголемен.
Во Европа постојат два нови лекa кои ветуваат напредок, но тие се прескапи дури и за развиените здравствени системи. Лекарите наглаусваат дека раната детекција е клучна, а честото заборавање или неможност за извршување на секојдневните задачи, треба да биде сигнал за тестирање на деменција.
Загадениот воздух неколкукратно го зголемува ризикот за Алцхајмер. Од Здружението Институт за алцахајмерова болест, предупредуваат на проекциите кои покажуваат дека до 2050 година болеста трократно ќе се зголеми, особено во ниско и средно развиени земји во кои спаѓа и Македонија, поради начинот на живот и условите.
Но во процесот на болеста покрај болните страдаат и нивните семејства. Со години велат молат за дневни центри и негуватели за лицата кои страдаат од деменција. Разликата од европските земји и Македонија, е тоа што семејствата тука се оставени сами на себе.
Министерката за образование вели дека може да се помогне со отворање на нова професија, за стручни професионални негуватели.
Денеска се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар