Затекнати малолетници во угостителски објекти по полноќ и под дејство на алкохол во Прилеп и Демир Хисар
Криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица Демир Хисар синоќа од 00.00 часот до 01.30 часот во Демир Хисар спровеле акциска контрола во угостителски објекти. Во еден угостителски објект се затекнати тројца малолетници под дејство на алкохол, кои се предадени на нивните родители.
Како што соопштија од МВР, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, во Прилеп синоќа од 00.00 до 04.00 часот од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски и други објекти за присуство на малолетници во нив.
За време на контролата во два угостителски објекти во Прилеп затекнати се 34 малолетници, а кај 11 малолетни лица било констатирано дека се под дејство на алкохол. За сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Акциската контрола е спроведена во рамки на „Безбедно лето 2023“.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019