Македонија
25. July 2025 - 21:19
Тргна коњаницата кон Крушево
12 коњаници од здржената коњаница “Бигорски манастир-Патот на црешовото топче“ попладнево од скопско Ѓорче Петров по 16-ти пат тргнаа кон славното Крушево. И покрај високите температури, велат мотивирани од илинденските идеали тргнаа на пат од околу 250 километри за на Илинден бидат дел од централната манифестација на Мечкин камен.
На пат до крајната дестинација ќе им се придружат коњаници и до останатите градови и симболично од Бигрскиот манастир заедно ќе продожат кон Крушево.
Оваа иницијатива започна во 2010 година од ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->