-->
-->
Затекнала страшна сцена кога ја отворила вратата од спалната соба
-->
Едно семејство во градот Бризбејн во Австралија затекнало сцена како од хорор филм во својата спална соба.Лана Филд, инаку професионален ловец на змии, не паничела, туку ја снимила нивната лута борба која ја нарекла вистински боречки меч.
Како што објаснила,, змиите најверојатно паднале низ вентилационите цевки на плафонот, а потоа ги вкрстиле своите сили - како да се борат за женка.
"Овој пар беше многу лут. Зад себе оставија мал неред", вели Лана на снимката, насочувајќи го телефонот кон местото од каде питоните влегле во нејзиниот дом.
Како што кажала подоцна, мажјаците биле рамноправни во борбата, барем судејќи според големината, бидејќи имале просечна должина, околу 1,75 метри.
Додека снимката кај многумина внела страв, Лана објаснила дека питоните веројатно не би ја нападнале бидејќи во тој момент биле позаинтересирани еден за друг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
