Преглед на вестите од светот
Иран повторно на нозе. Стотици студенти излегоа на улиците во Техеран и Машхад , организирајќи ги првите големи антивладини протести откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите. Студентите им оддадоа почит на убиените од безбедносните сили за време на антивиладините протести во јануари. Дел од демонстрантите скандираа смрт на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иранската организација за човекови права Храна со седиште во САД соопшти дека во јануарските протести биле убиени најмалку 6159 лица, меѓу кои 92 деца. Официјален Техеран признава околу 3100 жртви, тврдејќи дека дел од нив биле припадници на бебзедносни сили или бунтовници. Новоиот бран протести се случува во чувствителен момент. Соединетите држави го зголемија военото присуство во регионот на Блискиот Исток, а тече и рокот од 10 дена што Трамп во средата му го постави на Иран за постигнување договор за нуклеарната програма. Од параолимпските игри, Иранскиот претседател порача дека неговата земја нема попушти под притисикот на светските сили за време на преговорите со Американците.
„Нема да се поклониме пред ниту една од овие тешкотии. Светските сили се редат кукавички за да нè принудат да ги наведнеме главите. Исто како што вие не се поклонивте пред тешкотиите, ние нема да се поклониме пред овие проблеми, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.
Гренланд повторно се најде во центарот на вниманието на Доналд Трамп, кој на својата социјална мрежа „Трут соушал“ објави дека болнички брод е на пат кон овој арктички остров за да се погрижи за бројните болни луѓе за кои никој не се грижи таму. . На Гренланд не му е потребна медицинска помош од други земји а пристапот до здравствената заштита е бесплатен во ДАнска и Гренланд реагира данската премиерка Фредериксен. Објавата на Трамп дојде по неколку час од објавата на данската арктичка команда за евакуација на еден член на екипаж на американска подморница кој побарал итна медицинска помош на седум наутички милји од Нук, главниот град на Гренланд.
Унгарија се закани со блокада на 20 тиот пакет санкции на ЕУ за Русија и финанскисикаат помош од 90 милијарди евра за Украина, која според најавите ќе остане без пари во април. . На утрешниот Совет за надворешни работи, ЕУ има за цел да го усвои 20-тиот пакет санкции. Унгарија ќе го блокира. Додека Украина не го продолжи транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот Дружба, нема да дозволиме одлуките важни за Киев да продолжат објави шефот на унрагриската дипломатија на Х. Нафтоводот Дружба , кој пренесува руска нафта низ територијата на Украина до Унгарија и Словачка, беше оштетен во неодамнешните руски напади а миниситесртвоот за надвошрени работи на
Украина вели дека попправките на инфраструктурата се отежнати поради постојаните руски напади. Поддршка за ставовите на Унгарија стигна и од словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се закани дека Братислава ќе ги прекине вонредните испораки на електрична енергија во Украина ако до утре не биде обновено функционирањето на нафтоводот „Дружба“ низ Украина Украинскиот претседател Зеленски ги оцени заканите на Унгарија и Словачка како провокативни и неодоговорни и побара од Европската комисија итна рекација.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
