-->
-->
Застрелан поранешен НБА кошаркар
-->
Поранешната НБА ѕвезда, кошаркар на универзитетот УКЛА, Тајлер Ханикат, бил убиен во престрелка со полицијата во Лос Анџелес.
Како што објави „АБЦ7“, инцидентот се случи во петокот вечерта, во Перман Оукс, во близина на Риверсајд драјв и авенијата Тајрон. Ханикат се затворил во куќата во Лос Анџелес, а потоа пукал во полицијата. Во престрелката со полицијата Ханикат бил убиен.
Претходно, полицијата добила повик од мајката на кошаркарот, која рекла дека нејзиниот син се однесува неконтролирано. Кога полицајците пристигнале Ханикат започнал да пука во нив.
Во престрелката никој од полицајците не бил повреден.
Ханикат минатата сезона, со многу успех, играше во Русија, во дресот на Химки, а сезона претходно играше за Анадолу Ефес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка
-
Предизборен карван на СДСМ во Новаци, Ресен и Битола
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Почина Панчо од „ДНК“, седум месеци се лекуваше од повредите во пожарот
-
Мицкоски за д-р Кузмановски: Професорот има импозантна биографија, тоа што се случи се случи
-
Пелегрини од Скопје - ЕУ ризикува со процесот на проширување
-
Македонија со помош на ЕУ ќе гради национален центар за вештачка интелигенција – „Везилка“
-
Проекти и ветувања на кандидатите за Град Скопје