Застрашувачкo: Распарале питон долг 7 метри а во него го пронашле исчезнатиот пријател!
Индонезиската полиција соопшти дека во телото на огромен питон на островот Целебес бил откриен мртов човек, по кого се трагало откако бил пријавен за исчезнат.
Жртвата за кого полицијата вели дека имал 25 години и работел на една од плантажите за прибирање на палмово масло, бил пријавен за исчезнат во неделата, откако заминал од работа.
Полицијата покренала потрага кога локалните селани им пријавиле на полицајците дека забележале огромен питон кој не можел да се движи.
Откако ја усмртиле змија и го расекле нејзиното тело, во утробата го нашле мртвото тело на несреќниот човек.
Питонот бил долг седум метри. Според експерти, овој вид змија спаѓа меѓу најголемите во светот.
Змијата прво ја задушува жртвата со своето тело, пред целата да ја проголта. Но, питоните ретко убиваат и јадат луге.
Полицијата и локалните жители тврдат дека се регистрирани случаи кога питони напаѓале и проголтувале мали деца.
Змиите не навлегуваат во населени места, но ги има околу плантажите за прибирање палмино масло, каде има многу храна, домашни животни, кучиња и помали мајмуни.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил