-->
-->
Заслужија титула, фудбалерите на Лестер на журка кај Варди
-->

Фудбалерите на Лестер освојувањето на шампионската титула во Премиерлигата ја прославија во добот на напаѓачот Џејми Варди.
Во моментот кога судијата Марк Клатенбург го означи крајот на натпреварот на „Стенфорд Бриџ“, помеѓу Челзи и Тотенхем (2:2), започнала лудата журка во домот на Варди.
На две кола до крајот на првенството во Англија, Лестер стекна недостижни седум бода во однос на Тотенхем, а освојувањето на титулата, што преставува најголем успех во историјата на клубот, тимот на Раниери ќе ја прослави в сабота на мечот со Евертон на домашен терен.
„Неверојатно чувство. Се боревме да останеме во лигата минатата сезона, а во сабота ќе го подигнеме шампионскиот пехар. Тоа само покажува колку напорно работевме оваа сезона, секој играч посебно заедно со стручниот штаб. Ова е најголемиот успех во историјата на клубот, привилегија е што сме дел од оваа титула“, рекол Варди.
Капитенот на тимот Вес Морган, кој е избран во идеалниот тим на Премиерлигата, заедно со соиграчите Канте, Варди и Марез, истакнал дека е горд на сензационалниот успех.
„Но можам да го дочекам саботниот меч кога ќе го подигнам победничкиот трофеј. Горд сум на овие момци, сите сме како браќа. Никој не веруваше во нас, откако минатата сезона со тешка мака изборивме опстанок. А сега, сега сме шампиони и ќе играме во Лигата на шампионите. Ова е најубавиот момент во мојата кариера. Работевме напорно, го заслуживме ова“, рекол Морган.
Покрај во домот на Варди, каде славеа фудбалерите, изминатата ноќ се славеше низ улиците на Лестер и во локалните пабови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
