ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра

Од Фудбалската Федерација на Македонија открија дека утврдената штета во периодот од 2015 до 2019 година надминува 2,5 милиони евра.
Во соопштението, ФФМ посочува дека случајот бил пријавен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција уште во 2019 година, по што била спроведена истрага од Управата за финансиска полиција и во 2020 година била поднесена кривична пријава.
„Во врска со предметот кој Фудбалската федерација на Македонија го пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во 2019 година, информираме дека по поднесената пријава беше спроведена истрага од страна на Управата за финансиска полиција, по што во 2020 година беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство. Според документацијата доставена до надлежните институции, вкупната штета нанесена на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2019 година изнесува повеќе од 2,5 милиони евра.
Во изминатиот период ФФМ немаше повратни информации за текот на постапката и евентуалното постапување по предметот. На крајот на 2025 година од Федерацијата беше побарана дополнителна документација, која во целост беше доставена до надлежното обвинителство на почетокот на 2026 година. Истовремено, со официјален допис повторно беше укажано на висината на утврдената штета и беа доставени дополнителни релевантни информации. Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи целосно да соработува со сите надлежни државни институции во постапките поврзани со евентуални незаконитости и заштита на интересите на Федерацијата“, стои во соопштението на ФФМ.
Ново на Сител
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
