Засилени сообраќајни контроли на СВР – Охрид
Секторот за внатрешни работи – Охрид викендов спроведе засилени сообраќајни контроли на учесниците во сообраќајот во подрачјето што е под негова ингеренција.
Само во текот на изминатото деноноќие на подрачјето контролирани се вкупно 191 моторни возила (67 во Охрид, 44 во Струга, 33 Дебар и 47 во Кичево). Притоа, алкотестирани се вкупно 122 возачи на возилата пришто, кај вкупно 27 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта (Охрид-13, Струга-3, Дебар-3 и Кичево-8) поради што по таа основа, одземени се вкупно 27 возачки дозволи, а возачите се исклучени од сообраќај. Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
При реализираните контроли полициските службеници регистрирале и повеќе други прекршоци поради што се издадени 28 мандатни и прекршочни платни налози, од кои 13 во Охрид, четири во Дебар, осум во Кичево и три во Струга.
Слични акциски контроли СВР – Охрид со засилен интензитет ќе спроведува во пресрет на празниците, а со цел подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари