Засилени контроли на специјализираните продавници за храна
Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните, почнаа со спроведување вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло, месарници, рибарници,... и во угостителски објекти, хотели, ресторани.
Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран.
Како што соопшти АХВ, целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето на граѓаните и правата на потрошувачите.
- Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 32222, но и лично или на електронската поштаinfo@fva.gov.mkинформира АХВ.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем