Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања

Три дена пред киднапирањето на Вања, на 24.11.2023 беше извршен неуспешен обид за нејзино грабнување, покажаа снимките разгледани на денешното рочиште за убиството.
На снимките се гледа како во 03:47 часот на видеото се појавува возилото „Шкода фелиција“ што доаѓа од Велес со изгаснати светла, а ги пали светлата кога поминува покрај куќата на обвинетиот Велибор Манев.
Се гледа дека „мерцедесот“ на Манев е паркиран во дворот, а „шкодата“ се паркира зад него. Обвинетиот Боре Видевски се упатува кон капијата на Манев, а потоа се враќа во возилото.
„Боре Видевски се упатува кон капијата, на себе ги носи истата јакна и капа. Стои, па се враќа во „шкодата“. Манев излегува од куќата, влегува во „мерцедесот“ и нешто пребарува. Потоа оди кон „шкодата“, па се враќа кон „мерцедесот“. Во 4 часот Манев влегува во куќата, а Видевски останува на улицата, држи нешто во левата рака. Во 04.01 Манев се враќа и му дава нешто на Видевски и потоа го отвора „мерцедесот“, го затвора и пак оди кон куќата. Во 4.06, додека Видевски стои на улицата и чека, Манев излегува, носи нешто во рацете и му го дава на Боре, најверојатно тоа се црни ракавици, според држењето на телото на Видевски, кој ги пробува на рацете. Двајцата во 4.07 тргнуваат пеш по улицата во насока кон Велес. Потоа во 4.26 обвинетите Манев и Видевски се враќаат пеш пред куќата. Видевски застанува пред „шкодата“, а Манев влегува во дворот, носи нешто во десната рака. Во 4.28 и тој влегува во куќата, а во левата рака носи нешто што наликува на ракавици. Во 4.29 Боре Видевски излегува, оди кон „шкодата“, па заминува десно од куќата. Манев излегува со „рено кангу“. Видевски влегува во „реното“ на совозачкото место. Во 4.31 се упатуваат со „реното кангу“ од пред куќата на Манев во насока кон Велес, а „мерцедесот“ и „шкодата фелиција“ остануваат“ истакна обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.
На следната снимка од камерата број 7 од истиот ден, на која се гледаат како двајцата се враќаат по неуспешен обид за грабнување на Вања.
„Во 10.07 „рено кангу“ пристигнува и се паркира внатре во дворот во гаражното место. Од совозачкото место излегува Боре Видевски, оди кон својата паркирана „шкода“. Од возачкото место излегува Велибор Манев и оди во куќата. Видевски во 10.08 си заминува со „шкодата“. Во 10.12 Манев излегува од куќата, ја отвора задната врата од „рено кангу“ и вади две лопати. Ги зема со себе и влегува во куќата“, вели обвинителката презентирајќи ги снимките.
Овие снимки се дел од доказите што обвинителството ги презентираше на денешното рочиште како дел од истрагата за обидот за грабнување на Вања и понатамошните настани.
Ново на Сител
-

Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми
-

Пет лица нападнале малолетник во Центар, под заканила со остар предмет му одзеле пари и мобилен телефон и го истепале
-

Дедо истепал 21-годишна девојка во Ѓорче Петров
-

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
-

Неколку лица од Сарај испукале куршуми кон 28-годишник, но не го повредиле
-

Три лица напднале маж од скопско, му одзеле пари, па едниот од нив го удрил со пиштол по глава
-

МЕРМС: Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции, вредна 11,11 милиони евра
-

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
