-->
-->
Заробен терорист на ИСИЛ: Убијте ме, морам да бидам во рајот до 16 часот!
-->
Еден терорист на ИСИЛ ги молел Курдите кои го заробиле да го убијат веднаш, бидејќи морал да стигне во рајот до 16 часот.
Членовите на Пешмерга (Курдистанската војска во Ирак) во близина на Мосул, во северен Ирак, уапсиле џихадист за време на празникот Исра и Мирај, пишува „Дејли мејл“.
Заробеникот рекол дека прославата на небото започнува во 16 часот.
- Додека му ја преврзував раната, го прашав кој е и од каде е, а тој одговори дека е од Самараи дека дошол да се бори со уште 50 вооружени мажи. Сите требало да извршат самоубиство со помош на појас со експлозив, бидејќи тој ден бил празникот Исра и Мирај. Тој ми рече: Сите треба да бидеме во рајот до 16 часот, убиј ме, - изјавил Салим ал Сурџи, курдски потполковник.
Ал Сурџи рекол дека појасот со експлозив на заробениот терорист не експлодирал, но дека е ранет во експлозија на еден од неговите соборци.
- Не можеше да оди. Ни рече дека сме неверници и бараше да го убиеме, - изјавил потполковникот.
Сепак, Курдите не го убиле, туку му ја преврзале раната и го чувале во заробеништво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии