Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
Граѓански собир во Охрид за ургетно решавање на проблемот со дивите депонии и придвижување на процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци .Депониите кои го загрозуваат здравјето на граѓаните се национален проблем и време е да се разбудиме и нивното решавање да го направиме приоритет, порачаат од иницијативата „ЗБОГУМ БУКОВО“. Мерните станици од Охрид регистрираат огромни загадувања од ПМ 10 честичките речиси секојдневно особено во вечерните часови .
Од граѓанската иницијатива Збогум Буково посочуваат дека сите рокови се пробиени , проблемот сеуште тапка во место заглавен во процедури со тендери но здравјето на граѓаните неможе да чека .
Градоначалникот Пецаков најави дека 2025 година ќе започне процесот за формирање на регионално јавно претпријатие а потоа во следните 4 до 5 години ќе се дислоцира депонијата Буково и ќе се отвори новата регионална депонија во Буково.
Граѓанските активисти велат дека не застануваат тука најавуваат поголем притисок врз надлежните институции и помасовна подршка од граѓаните се со цел решавање на овој децениски проблеми.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар