Заради техничка неисправност од сообраќај исклучени десет возила кои вршат јавен превоз

По последната акциска контрола за проверка на техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници спроведена денеска во Гостивар од сообраќај исклучени се десет возила.
Според Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово, со денешната контрола вкупно биле опфатени 39 возила, од кои 15 патнички, 9 комбиња и пет автобуси кои вршат превоз на патници.
- При прегледот, откриена е техничка неисправност кај 10 возила, а констатирани се и други видови прекршоци, како управување без дозвола, истечена регистрација и слично. Со глоба од 300 евра во денарска противвредност ќе се соочат и сопствениците на 10 возила кои иако биле испратени, не се јавиле на технички преглед, подвлече Јосифоски.
Против прекршителите изготвени се соодветни поднесоци, односно платни налози. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај, а сопствениците ги очекува глоба од 400 евра во денарска противвредност, а глоба ќе треба да платат и четири правни лица.
Ново на Сител
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
