Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
Во Обвинителството во Нови Сад на распит донесени се некои од уапсените за трагедијата што се случи на 1 ноември на железничката станица во Нови Сад, кога животот го загубија 15 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Денеска на распит ќе биде и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.
По распитот, судот дополнително ќе одлучува за евентуалниот притвор на осомничените. Во моментов сите уапсени се распоредени по полициските станици во Нови Сад.
За потсетување, поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, беа уапсени 12 лица, по едно е распишана потерница бидејќи се наоѓа во странство, а меѓу уапсените е и министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, в.д. директорот на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димоска.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека обвинителството и надлежниот суд ќе одлучуваат за понатамошни дејствија со уапсените во врска со несреќата што се случи во Нови Сад, нагласувајќи дека полицијата направила се по наредба на обвинителството и се погрижи бараните лица да бидат приведени.
– Добивме наредба од обвинителството да обезбедиме доведување на одреден број лица. Мислам дека станува збор за 13 лица, од кои 12 лица се доведени, а едно лице е надвор од државата. Тоа е одработено. Се понатаму е во рацете на обвинителството, обвинителот и судот, изјави Дачиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз