Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка во Скопје
Традиционална Дедомразовска трка во која стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на Скопје ќе се одржи на 22 декември, соопшти организаторот на трката Александар Георгиевски.
Трката, наведува во соопштението, покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добредојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е два километра и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта„ Македонија“, парк „Жена Борец“, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку мостот до целта.
– Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада, соопшти организаторот.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.
Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени