Македонија
17. March 2017 - 12:07

Започна да се гради регионалниот патен правец Теранци-Кучичино

Согласно општинската програма за изградба на локални и регионални патни правци, градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со изградба  на патниот правец од село Теранци до село Кучичино  во општината Чешиново Облешево, која делница е дел од Регионалниот патен правец  Виница - Штип.

Должината на овој патен правец  изнесува 3 километри и во  моментот се одвиваат градежни работи за порамнување и проширување на теренот и по завршувањето на подготвителните активности ќе се пристапи и кон следната фаза за асфалтирање на теренот.

- Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат над 30 километри до соседните општини, изјави Градоначалникот Костадин Личков.

Делницата Теранци - Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. По завршувањето на изградбата на оваа делница Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен  регионален пат Виница –Штип.